logo
logo
logo

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка

Vecer | 22.04.2024

Шефот на израелското воено разузнавање поднесе оставка

Во својата оставка Халива повика на формирање комисија „која темелно, продлабочено, сеопфатно и прецизно ќе ги истражи и открие сите фактори и околности кои доведоа до тешките настани“.

„Во координација со началникот на Генералштабот, началникот на Управата за разузнавање, генерал-мајор Ахарон Халива, побара да ја прекине функцијата, по неговата лидерска одговорност како началник на Управата за разузнавање за настаните од 7 октомври.

Началникот на Генералштабот му се заблагодари на генерал-мајор Ахарон Халива за неговата 38-годишна служба во ИДФ, за време на која тој даде значителен придонес за безбедноста на државата Израел и како борбен војник и како командант“, се вели во објава на ИДФ на социјалните мрежи.

Ова е прва оставка на генерал од израелскиот Генералштаб, а тој една недела по нападот на Хамас изјави дека ја сноси целосната одговорност.

На 7 октомври минатата година терористи од Хамас извршија напад врз Израел во кој убија околу 1.200 луѓе и киднапираа околу 250, што ја предизвика војната во Газа. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk