Шефот на украинската држава, Володимир Зеленски го честиташе Велигден на верниците и нагласи дека народот е обединет.
Зеленски на Велигден ги повика граѓаните да се обединат во молитва едни за други и за војниците на првата линија на фронтот кажувајќи дека „Бог кој има украинско знаме на рамото“ ќе доведе до живот победувајќи ја смртта.
„Да се молиме едни за други. Кога ќе се приближиме едни до други, повеќе не сме странци“, вели тој.
Зеленски додаде дека Украина веќе 802 дена се бори против Русија за победа.
Рускиот претседател Владимир Путин, честитајќи им го Велигден на Русите и на сите православни христијани, ја истакна позитивната улога на Руската православна црква и другите христијански цркви.