Надзорната камера го снимила судирот на лесен хеликоптер Robinson R44 и паркиран авион на 27 октомври околу 9:30 часот.
Официјални лица велат дека хеликоптерот за време на полетувањето почнал неконтролирано да се врти и на крајот го погодил леталото.
Во кабината бил само пилотот, кој бил неповреден, пренесува Fox News.
По инцидентот на пилотот му помогнале неколку лица, а додека трае истрагата не се познати деталите за несреќата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата