logo
logo
logo

Од почетокот на војната населението во Газа е намалено за шест отсто

Vecer | 02.01.2025

Од почетокот на војната населението во Газа е намалено за шест отсто

Населението на Газа се намали за шест отсто од почетокот на војната со Израел пред речиси 15 месеци, бидејќи околу 100.000 Палестинци ја напуштија енклавата, додека повеќе од 55.000 се верува дека ги загубиле животите, покажуваат податоците на Палестинското Централно биро за статистика (PCBS). 

Околу 45.500 Палестинци, од кои повеќе од половината се жени и деца, се убиени од почетокот на војната, но уште 11.000 се водат за исчезнати, соопшти ПСБС, повикувајќи се на податоци од палестинското Министерство за здравство. 

За време на војната популацијата во Газа се намали за околу 160.000,  на 2,1 милиона жители, соопшти ПСБС, пренесуваат британските медиуми. 

Израел „беснее со брутална агресија против Газа која ги таргетира сите форми на живот таму - луѓе, згради и витална инфраструктура... цели семејства се избришани од граѓанскиот регистар. Има катастрофални човечки и материјални загуби“, се наведува во соопштението на ПЦБС.  

Израелското Министерство за надворешни работи соопшти дека податоците од ПСБС се „фабрикувани, надуени и манипулативни за да се оцрни Израел“. 

Британските медиуми потсетуваат дека Меѓународниот суд на правдата, највисокото правно тело на Обединетите нации, во јануари минатата година пресуди дека Израел мора да спречи акти на геноцид врз Палестинците, додека папата Франциск предложи светската заедница да проучи дали израелската операција во Газа претставува геноцид. 

Израел постојано ги отфрла обвинувањата за геноцид, тврдејќи дека го почитува меѓународното право и има право да се брани по нападот на Хамас на 7 октомври 2023 година, кога загинаа 1.200 Израелци.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk