logo
logo
logo

Се шири хантавирусот- заразена влегла во авион и починала, стјуардеса е во болница

Vecer | 07.05.2026

Се шири хантавирусот- заразена влегла во авион и починала, стјуардеса е во болница

Стјуардесата е во изолација со благи симптоми и моментално се тестира за вирусот, објави NL Times.

Починатата патничка починала во болница во Јоханесбург на 26 април, еден ден откако накратко се качила на летот на KLM од каде подоцна била отстранета поради болест.

Авионот потоа полетал од Јоханесбург за Амстердам на 25 април, а стјуардесата била член на екипажот на тој лет.

Холандската здравствена служба GGD ги контактира патниците на летот и ги предупредува да ги следат своите симптоми, додека здравствените власти велат дека периодот на инкубација за хантавирус може да трае од неколку дена до 60 дена.

Појавата е поврзана со крузерот Хондиус, каде што се пријавени смртни случаи и повеќекратни инфекции.

Три патници наводно починале, додека неколку лица се хоспитализирани или во изолација во Холандија, Германија, Швајцарија и Јужна Африка.

На бродот остануваат околу 150 луѓе, вклучувајќи 10 холандски државјани, а здравствените власти работат на евакуација на патниците и продолжуваат да ја следат ситуацијата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk