logo
logo
logo

СЕ ОГЛАСИ И НОЛЕ: Бог се гледа!

Vecer | 06.01.2022

СЕ ОГЛАСИ И НОЛЕ: Бог се гледа!

После цел ден конечно дојде мигот кога се огласи Новак Ѓоковиќ.

- Господ сè гледа! Мојата благодат е духовна, а нивната материјална – напишал Новак во пораката до својот брат Ѓорѓе, која тој ја прочита пред медиумите.

Таткото на најдобриот тенисер на сите времиња, Срѓан Ѓоковиќ на прес-конференцијата која се одржа денес рече дека Новак не е во притвор во Австралија, туку во затвор. Тој изнесе и низа шокантни детали од тортурата на Новак Ѓоковиќ во Мелбурн од страна на австралиските власти.

- Што се однесува до крајниот исход, има три излези. Едната е да го пуштат Новак, да си ја признаат грешката и да се понижат пред цел свет поради голем пропуст. Втората е да го депортираат назад, но потоа се поставува прашањето дали ќе ги вратат тенисерите со истите документи во своите земји. И третото е дека Австралија вели дека е поголема од Господ и да не им е грижа како Новак ќе се врати. Зборуваат за хигиената на еден од најздравите и најчистите луѓе на светот, а кон него се однесуваат сосема спротивно. Сметаме дека е така и се надеваме дека судот е независен и дека ќе донесе правична одлука, рекол Срѓан и додал: Новак е Србија, а Србија е Новак. Тие го газат Новак, а со самото тоа и српскиот народ!

 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk