logo
logo
logo

СДСМ: Со измените на Законот за минерални суровини, ВМРО-ОКГ подготвува еколошки геноцид и грабеж

Vecer | 25.04.2026

СДСМ: Со измените на Законот за минерални суровини, ВМРО-ОКГ подготвува еколошки геноцид и грабеж

Законот не е за доброто на граѓаните, туку за профитот на малкумина во бизнис шемите на Мицкоски.

Овој закон е скандал сам по себе.

1.Еколошки геноцид наместо здравјето на луѓето. Тврдењето дека еколошките стандарди остануваат исти е обична измама. Со воведувањето на правото за експлоатација само врз основа на одлука за експропријација, ВМРО-ОКГ ги исфрла граѓаните и локалните заедници од процесот на одлучување. Ова е закон за насилно рударење каде државата е соучесник, а не заштитник на природата.

2.Удар врз приватниот имот. Со овие измени, ниту една нива, ниту еден двор и ниту еден имот во Македонија веќе не е безбеден. ВМРО-ОКГ си овозможува механизам за насилно одземање на имотите на граѓаните со еден потпис во четири очи, под маската на некаков „јавен интерес“.

3.Швереско носење по скратена постапка. Ако овој закон е навистина за доброто на државата, зошто се носи по скратена постапка? Од што бега ВМРО-ОКГ? Се плашат од јавна дебата, од експертите или од гневот на народот кој нема да дозволи да му се копа земјата под нозе за туѓи профити.

4.Централизација на моќта. Наместо децентрализација и почитување на волјата на општините, сега Владата станува и судија и џелат. Ова не е енергетска стабилност, ова е енергетско деспотство.

СДСМ нема да дозволи здравјето на граѓаните и животната средина да бидат жртвувани за бизнис апетитите на ВМРО-ОКГ. Овој обид за „легализиран грабеж“ на ресурсите мора да запре веднаш.

Бараме итно повлекување на предложените измени и отворање на широка јавна расправа. 

Профитот на неколкумина не смее и нема да биде поважен од здравјето на луѓето!

СДСМ

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk