logo
logo
logo

Салвини со критики за планот на Фон Дер Лајен: Дали вооружувањето ќе придонесе за мир ?

Vecer | 04.03.2025

Салвини со критики за планот на Фон Дер Лајен: Дали вооружувањето ќе придонесе за мир ?

Италијанскиот вицепремиер и лидер на партијата Лига Матео Салвини денеска ја критикуваше најавата на претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен за планот за „вооружување на Европа“ и праша дали тоа е вистинскиот начин да се одржи мирот на континентот.

- Европските држави можат да се задолжуваат само за да се вооружат за Урсула фон дер Лајен. Се надевам дека погрешно прочитав. Се сеќавам што се не успеавме да направиме во последните години во однос на инвестирањето во здравството, образованието и поддршката на бизнисите и семејствата (поради буџетските правила)“, рече Салвини на конференција во Асоломбарди.

Салвини праша дали вооружувањето ќе придонесе во Европа да владее мир.

- Дали е ова вистинскиот начин да ги поддржиме нашите деца и да оставиме зад себе континент во мир? Ајде да размислиме за тоа, рече Салвини.

Според Фон дер Лајен, планот за вооружување ќе им даде на земјите-членки на Европската унија повеќе фискален простор за трошоци за одбраната, што вклучува и кредити за инвестиции во одбраната./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk