Состанокот, на кој ќе учествуваат претставници од над 20 држави, ќе се одржи зад затворени врати.
Високи воени офицери од земјите кои ја сочинуваат „коалицијата на подготвените“, предводена од Велика Британија и Франција, состанокот ќе го одржат во Заедничкиот штаб на Велика Британија во Нортвуд. Тие ќе разговараат како мировната мисија во Украина ќе функционира во пракса.
На состанокот е предвидено да учествува и британскиот премиер Кир Стармер.
Претходно, претседателот на Русија, Владимир Путин изјави дека Москва нема да толерира присуство на воени сили од која било земја-членка на НАТО во Украина, без оглед на нивната улога.
САД исто така се двоумат дали да ја обезбедат потребната воздушна заштита за Украина, за која членките тврдат дека е неопходна.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата