Во Саратовската област, на околу 700 километри југоисточно од Москва, пресретнати се 54 беспилотни летала, а во соседната област Воронеж пресретнати се 40 беспилотни авиони, се наведува во соопштението.
„Градовите Саратов и Енгелс денеска го претрпеа најмасовниот напад со беспилотни летала“ од почетокот на руската офанзива во Украина во февруари 2022 година“, напиша регионалниот гувернер Роман Бусаргин на Телеграм.
Нападот предизвика пожар на територијата на воздухопловната база во Енгелс, каде што е во тек евакуација на жителите од околните куќи.
„Во нападот со дрон повредени се две лица во Енгелс и оштетени се зградите на две градинки, болница и училиште“, се вели во соопштението на Рускиот истражен комитет.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата