logo
logo
logo

САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 150 милиони долари

Vecer | 04.07.2024

САД испраќаат нов пакет воена помош за Украина вреден 150 милиони долари

Новиот пакет, обезбеден врз основа на овластувањето на претседателот за повлекување, вклучува ракети хок (Hawk), муниција за артилериски ракетни системи со висока мобилност (HIMARS), артилериски куршуми од 155 mm и 105 mm, минофрлачки куршуми од 81 mm, проектили TOW, противоклопни системи „џавелин“ и АТ-4, муниција и гранати за мало оружје и друго оружје и опрема.

Поддршката, исто така, ќе помогне да се зајакне воздушната одбрана на Украина од руските напади и да се зајакнат капацитетите на Украина преку линијата на фронтот, според Стејт департментот.

Ова е седми пакет безбедносна помош што ќе биде испратена во Украина по овластување на американскиот претседател откако беше потпишан Амандманот за национална безбедност пред два месеци.

Стејт департментот соопшти дека ќе обезбеди нова помош што е можно поскоро за зајакнување на одбраната на Украина, нејзината територија и нејзиниот народ.

- Како што јасно кажа претседателот Бајден, САД и меѓународната коалиција што ја собравме ќе продолжат да стојат со Украина, рече американскиот државен секретар Ентони Блинкен во изјавата. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk