logo
logo
logo

САД и нудат на Словачка американски хеликоптери со попуст

Vecer | 22.03.2023

САД и нудат на Словачка американски хеликоптери со попуст

Ова доаѓа откако Братислава ги испрати своите борбени авиони МиГ-29 во Украина што не и беа во употреба.

Словачкиот министер за одбрана рече дека владата сè уште не го одобрила договорот, според кој државата ќе плати 340 милиони долари во период од три до четири години за пакет вреден повеќе од една милијарда долари.  

Договорот вклучува и делови, обука и повеќе од 500 противтенковски ракети Hellfire 2 AGM-114.

Министерот додаде дека заедно со понудата за американското вооружување, Братислава ќе добие и отштета од ЕУ во износ од 250 милиони евра.

Словачка, земја членка на НАТО на источното крило на алијансата, во моментов нема борбени хеликоптери. Минатото лето ги „пензионираше“ своите борбени авиони МиГ и оттогаш се потпира на своите соседи од централна Европа, Чешка, Полска и Унгарија за воздушна одбрана.

Минатата недела, Словачка стана вториот сојузник на Украина, по Полска, кој и обезбеди борбени авиони за кои Киев смета дека се клучни за одбивање на повеќе од годинашната руска инвазија. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk