Некои од мигрантите рекоа дека сè уште „се надеваат дека ќе можат да влезат во САД“, дури и откако Трамп ја суспендираше можноста на луѓето да добијат азил од Мексико.
-Решивме да одиме на граница и ќе ни дадат одговор. „Се уште се надеваме дека ќе влеземе во САД“, рече 37-годишниот Венецуелец.
Како што најави Трамп за време на неговата изборна кампања, САД почнаа да протеруваат стотици илегални имигранти користејќи воени авиони, при што Белата куќа се пофали дека ја започнала „најголемата операција за масовна депортација во историјата“. /МИА
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата