logo
logo
logo

Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц

Vecer | 27.01.2025

Фон Дер Лајен: Никогаш нема да го заборавиме Аушвиц

- Додека исчезнуваат последните преживеани, наша должност како Европејци е да се сеќаваме на тие неописливи злосторства и да го почитуваме споменот на жртвите, напиша Урсула фон дер Лајен на X пред денешното одбележување на 80-годишнината од ослободувањето на нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц-Биркенау во Полска.

- Антисемитизмот повторно се појавува во Европа. Потребата за борба против ова зло, онлајн и вон интернет, никогаш не била поголема, додаде претседателката на ЕК.

Според неа, историјата на Евреите е „неразделна од историјата на Европа“.

- Ние сме решени не само да го заштитиме, туку и да го славиме еврејскиот живот во Европа, додаде таа.

Аушвиц-Биркенау стана симбол на геноцидот извршен од нацистичка Германија врз шест милиони европски Евреи, од кои еден милион загинаа таму, помеѓу 1940 и 1945 година, заедно со повеќе од 100.000 луѓе од нееврејско потекло./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk