logo
logo
logo

САД до своите државјани: Веднаш напуштете ја Русија

Vecer | 28.09.2022

САД до своите државјани: Веднаш напуштете ја Русија

Тие наведуваат дека на 21 септември руската влада почнала да ги мобилизира своите граѓани во вооружените сили за поддршка на инвазијата на Украина и дека Русија може да одбие да им го признае американското државјанство на двојните државјани.

Тие исто така предупредуваат дека Русија може да им го забрани пристапот до американската конзуларна помош, да го спречи нивното заминување од Русија и да регрутира двојни државјани во армијата.

Тие наведуваат и дека можностите за комерцијални летови во моментов се многу ограничени и честопати недостапни на краток рок.

„Копнените линии со автомобил и автобус се сè уште отворени. Ако сакате да ја напуштите Русија, треба да направите индивидуални аранжмани за патување што е можно поскоро“, забележува американската амбасада, предупредувајќи дека можностите за превоз може да бидат уште поограничени.

„Американските граѓани не треба да патуваат во Русија, а оние што живеат или патуваат во Русија треба веднаш да ја напуштат Русија додека се уште не се во сила ограничувањата за комерцијални патувања“, соопшти амбасадата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk