logo
logo
logo

Државниот правобранител бара прекин на истрагата против сопругата на шпанскиот премиер

Vecer | 25.04.2024

Државниот правобранител бара прекин на истрагата против сопругата на шпанскиот премиер

Судијата во Мадрид вчера пријавил дека отворил прелиминарна истрага за 59-годишната Бегоња Гомез. Сопругата на премиерот е пријавена кај судијата од синдикатот Манос Лимпиос (Чисти раце) врз основа на медиумските написи дека давала препораки со нејзин потпис на претприемачи кои се пријавиле на јавни тендери. Со тоа, било наведено во пријавата, таа ја искористила својата положба и влијание за блиски луѓе да добијат народни пари и работа.

Организацијата Манос Лимпијас претходно соопшти дека ја засновала својата тужба врз основа на медиумски извештаи и не може да гарантира за нивната вистинитост, а шефот на организацијата, Мигел Бернад, рече дека извештаите биле проследени до судијата од „граѓанска должност“ и негираше дека акцијата била политички мотивирана.

Во 1980-тите, Бернад се натпреварувал на два европски избори како кандидат на екстремно десничарскиот Национален фронт.

Манос Лимпијас одлучиле да побараат од судот да отвори истрага за бизнисот на Гомез откако обвинителите не постапиле самоиницијативно, а истражниот судија ќе одлучи дали медиумските извештаи се точни или не, рече тој.

Консултантската компанија на претприемачот Карлос Барабес, според пријавата, добила 10 милиони евра од јавно претпријатие во надлежност на Министерството за економија. Тој претприемач подоцна основал постдипломски курс со кој раководела Гомез на Универзитетот Комплутенсе во Мадрид.

Во извештајот се споменува и односот на сопругата на премиерот со туристичката компанија Globalia, која била спонзор на едукативниот центар „Africa Centre del Instituto de Empresa“ управуван од Гомез. Шпанската влада со 600 милиони евра народни пари ја спаси „Ер Европа“, во сопственост на Глобалија.

Државното правобранителство испратило жалба до судот во Мадрид во која се наведува дека нема „индиции дека сторила кривично дело“, јави радио станицата Ла Секста.

Вчера Санчез ја обвини „десницата и екстремната десница“ дека користат „лажни“ информации за да го соборат политички и приватно.

Тој е на власт од летото 2018 година, а пред шест месеци формираше нова малцинска левичарска влада со поддршка на сепаратистичките партии на Баскија, Каталонија и Галиција.

Директорот на онлајн весникот El Cofidencial, кој објави информации за сопругата на Санчез, во колумна објавена вчера навечер ја обвини владата за „притисоци“ и „закани“.

Бегоња Гомез не коментирала, а Санчез рече дека ќе соработува со судството.

„Сега судијата треба да утврди дали информациите на новинарот се точни или не“, се вели во денешното соопштение на синдикатот Манос Лимпијас, откако еден ден претходно биле критикувани од Санчез и левичарската опозиција за поднесување на извештајот.

Европската комисија со години бара од Шпанија да го реформира судството за да не зависи од владата. Поддржувачите на каталонската независност исто така го обвинија Мадрид дека го користи судството за политички цели.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk