logo
logo
logo

Руски разузнавач е повреден во експлозијата на автомобил во Москва

Vecer | 24.07.2024

Руски разузнавач е повреден во експлозијата на автомобил во Москва

Руското МВР соопшти дека две лица се повредени во експлозија предизвикана од активирање експлозивна направа, додавајќи дека е покрената кривична истрага.

Комерсант, еден од водечките руски весници, објави дека повредениот бил вработен во Главната дирекција на Генералштабот на вооружените сили на Руската Федерација, позната како ГРУ.

Како што претходно беше соопштено, две лица се повредени по експлозијата и истите со возило на Брза помош биле пренесени во медицинска установа.

Во тек е истрага и е поднесена кривична пријава. Московското обвинителство го контролира текот и резултатите од истрагата.

Според досегашните информации, до експлозијата дошло кога маж и жена влегле во паркираниот автомобил. Двајцата се повредени и хоспитализирани, а според првичните податоци на мажот му биле откорнати стопалата, а жената се здобила со рани од шрапнели. Покрај тоа, од експлозијата оштетени се и пет автомобили паркирани во близина. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk