logo
logo
logo

Русија, Кина и Монголија потпишаа меморандум за изградба на два гасоводи

Vecer | 02.09.2025

Русија, Кина и Монголија потпишаа меморандум за изградба на два гасоводи

- Врз основа на јавната изјава дадена од лидерите на трите земји, Русија, Кина и Монголија, денеска е потпишан правно обврзувачки меморандум за изградба на гасоводот „Силата на Сибир 2“ и транзитниот гасовод „Сојуз на Истокот“ преку Монголија, рече тој.

Милер нагласи дека овој проект ќе овозможи испорака на 50 милијарди кубни метри гас годишно од Русија преку Монголија.

Кинескиот претседател Си Џинпинг, рускиот претседател Владимир Путин и монголскиот претседател Ухна Хурелсух денеска одржаа трилатерален состанок во Пекинг и повикаа на зајакнување на единството и соработката меѓу земјите.

- Колку што е меѓународната ситуација понестабилна и покомплицирана, толку повеќе Кина, Русија и Монголија треба да го зајакнат единството и соработката, да ја зголемат меѓусебната поддршка и да ги почитуваат меѓусебните основни интереси и сериозни загрижености, рече Си.

Си и Путин претходно одржаа разговори во поширок и потесен формат и се согласија дека билатералните односи меѓу двете земји се на исклучително високо ниво. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk