Иранските власти приведоа 18 членови на екипажот на странски танкер запленет синоќа во Оманскиот Залив, за кој рекоа дека превезувал 6 милиони литри шверцувано гориво, објавија иранските медиуми, повикувајќи се на судството во покраината Хормозган.
Се вели дека капетанот на танкерот е меѓу приведените како дел од истрагата.
Екипажот е од Индија?
Полуофицијалната новинска агенција Фарс објави дека екипажот е од Индија, Шри Ланка и Бангладеш.
Властите соопштија дека танкерот направил повеќекратни прекршоци, вклучително и „игнорирање на наредбите за запирање, обид за бегство (и) недостаток на навигациска и товарна документација“.
Иран, кој има едни од најниските цени на горивото во светот поради големите субвенции и падот на валутата, се бори со широко распространетиот шверц на гориво по копно до соседните земји и по море до арапските земји од Заливот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата