logo
logo
logo

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен

Vecer | 27.12.2025

Рубио повика на воздржаност поради ескалацијата на насилството во Јемен

 Американскиот државен секретар Марко Рубио синоќа повика на „воздржаност“ поради ескалацијата на насилството во Јемен, но избегна да заземе страна меѓу Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, двајца клучни партнери на Вашингтон, вмешани во конфликтот, објавија светските агенции.

„Повикуваме на воздржаност и континуирани дипломатски напори за постигнување трајно решение. Благодарни сме на нашите партнери, Кралството Саудиска Арабија и Обединетите Арапски Емирати, за нивното дипломатско водство“, напиша Рубио во соопштение.

На 9 декември, претседателот на јеменскиот Јужен преоден совет, поддржан од ОАЕ, Ајдар ал-Зубаиди соопшти за воспоставување контрола врз источните провинции Хадрамавт и Ал-Махра и истакна дека во следната фаза се планира воспоставување на институциите на идната држава Јужен Јемен.

На 25 декември, Министерството за надворешни работи на Саудиска Арабија ги нарече постапките на сепаратистите неоправдана ескалација и го повика јеменскиот Јужен преоден совет да ги повлече своите сили од овие региони. 

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk