logo
logo
logo

Свириденко: По ноќниот руски напад врз Киев околу 600.000 потрошувачи останаа без електрична енергија

Vecer | 27.12.2025

Свириденко: По ноќниот руски напад врз Киев околу 600.000 потрошувачи останаа без електрична енергија

Енергетските екипи се на терен и вложуваат максимални напори за што поскоро враќање на снабдувањето, објави премиерката на Украина Јулија Свириденко на социјалните мрежи.

„Работиме на решавање на последиците од ноќниот напад врз Киев и регионот. Предупредувањето за воздушна опасност во Киев беше на сила 10 часа. Една жена почина во регионот на Киев. Во главниот град досега се повредени 32 лица“, рече Свириденко.

Службите за итни случаи се на терен, кои, заедно со медицинските екипи, ги расчистуваат урнатините и им пружаат помош на жртвите. Премиерката додаде дека во нападот се оштетени цивилни и енергетски објекти.

„Станбени згради и енергетски објекти, како и зграда на едно министерство, беа оштетени во нападот“, изјави таа.

Поради нападот, големи пожари избувнаа во два облакодери во Киев, изјави градоначалникот Виталиј Кличко на платформата Телеграм.

Греењето немаат илјадници домови во градот со три милиони жители, а беа регистрирани и прекини на електричната енергија.

„Во моментов, над 2.600 станбени згради, 187 градинки, 138 училишта и 22 социјални згради се без централно греење“, рече Кличко.

„Добавувачите на енергија и локалните власти работат на враќање на снабдувањето со електрична енергија и греење“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk