Непознати крадци украле бронзена статуа на Јохан Волфганг Гете пред училиште во Хамбург, оставајќи ги само чевлите.
Според „Билд“, крадците влегле во училишниот двор ноќта помеѓу Бадник и Божиќ и ја украле статуата што била поставена таму во 2019 година.
Се вели дека ова не е прва кражба на статуа во Хамбург - претходно бронзена статуа на голо девојче од 1949 година била украдена пред гимназијата „Албрехт-Тер“.
Исто така, во февруари 2025 година, бронзена скулптура исчезнала од гробиштата, но била пронајдена во мај во Берлин заедно со приближно 85 други бронзени уметнички дела, а тројца мажи моментално се судат за ова.
Се наведува дека најновиот случај сè уште го истражува полицијата.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата