logo
logo
logo

Роберт Хабек кандидат на Зелените за канцелар на Германија

Vecer | 17.11.2024

Роберт Хабек кандидат на Зелените за канцелар на Германија

Делегатите на германската Зелена партија денеска на партиската конференција во Визбаден со мнозинство гласови одлучија актуелниот министер за економија Роберт Хабек да биде нивни кандидат за канцелар на претстојните парламентарни избори, пренесе ДПА.

Хабек треба да ја води изборната кампања заедно со министерката за надворешни работи Аналена Бербок.

Непосредно пред неговата номинација, Бербок го пофали Хабек како „супер прагматичен“, нагласувајќи дека тој го задржал курсот на Германија во време на криза како министер за економија и ја ослободил земјата од нејзината енергетска зависност од Русија.

Номинацијата на Хабек беше очекувана, имајќи предвид дека никој друг од партијата на Зелените не беше предложен како кандидат за канцелар.

Германија во моментов се подготвува за предвремени избори, кои се очекуваат во февруари, по минатонеделниот колапс на владината коалиција, откако канцеларо Олаф Шолц одлучи да ја исклучи од Владата партијата Слободни демократи и го разреши нејзиниот лидер Кристијан Линднер од функцијата министер за финансии по неколкумесечните расправии околу буџетот за 2025 година.

Според анкетите во Германија, поддршката на Зелените на Хабек опаѓа и во моментот е околу 11 проценти./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk