logo
logo
logo

Расте бројот на жртви во страшниот пожар во висококатниците во Валенсија (ВИДЕО)

Vecer | 23.02.2024

Расте бројот на жртви во страшниот пожар во висококатниците во Валенсија (ВИДЕО)

Меѓу оние кои го набљудувале пожарот била и Лорета Калабрезе, која живее на единаесеттиот кат во станбена зграда оддалечена неколку метри. Таа вели дека готвела кога видела црн чад како се дига низ улицата, пренесува Би-би-си.

„Мојот сопруг и јас слеговме да видиме - и за неколку минути целата зграда беше во пламен. Беше толку брзо“, рече таа.

Рекла и дека се плаши нешто да не ѝ се случи на зградата.

„Не можев да спијам минатата ноќ - мислев дека тоа може да биде нашата зграда. И живеам толку високо што ќе останеме заробени“, вели таа.

Жена која била во една од станбените згради кога избувнал пожарот и успеала да побегне, за Би-Би-Си раскажала како успеала да излезе со својот син.

Гала Котова е Украинка, а од војната таму побегнала пред две години.

„Бев на тераса и зборував на телефон кога го забележав чадот. Стануваше се погуст и погуст.“

Таа рече дека го повикала келнерот, кој сè уште не знаел за пожарот, бидејќи нејзиниот шпански не бил доволно добар за да ја повика пожарникарската служба. Додала дека се облекла во што и да најде, го зела синот и нивните пасоши и истрчала на улица.

„Сè брзо гореше, а ветерот помогна огнот брзо да се прошири по зградата“, рече таа.

Да потсетиме, огромен пожар избувна синоќа во 14-катница во Валенсија. Покрај 5-те загинати, 15 лица се водат како исчезнати. Пожарот зафатил две згради во кои живеат околу 450 луѓе. Блокот кој е опустошен од пожар во шпанскиот град Валенсија се наоѓа на северозапад од градот. Комплексот се состои од два соседни блока во населбата Кампанар, опишани од еден локален жител како „убав“ и „тивок“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk