Видеото се припишува на 411-та чета за специјални беспилотни системи „Јастреби“. Не е познато точно каде или кога се случила борбата,објави Б92.
Видеото, објавено на социјалната мрежа X, прикажува возило кое се движи ноќе по патека меѓу уништени селски куќи.
Камерата на роботот брзо се движи лево и десно, додека цевката на митралезот Браунинг М2 го скенира теренот. Осамен руски војник се крие меѓу зградите.
Дрон со инфрацрвена камера ја детектира неговата позиција, додека тој паничи и бара засолниште. На воздушната снимка, војникот е видлив како бела силуета на црна позадина.
Дронот се чини дека пренесува информации до операторот на вооружениот робот, откривајќи ја точната локација на војникот.
Возилото запира, со јасен поглед на рускиот војник. Воздушните снимки бележат неколку блесоци од цевката на митралезот. Роботот пука и се чини дека го погодува војникот двапати.
Снимките од дрон ја покажуваат белата силуета како се затетерува по првиот удар, а потоа паѓа по вториот. Инфрацрвена камера снима трага од куршуми што излегуваат од неговиот грб со секој удар. Поглед од земјата каде што стоел војникот покажува блесок, сличен на мала експлозија.
Ukrainian ground drone armed with a Browning M2 eliminates a Russian infantryman in a close-range firefight. pic.twitter.com/g6lchzgXSn
— Special Kherson Cat 🐈🇺🇦 (@bayraktar_1love) February 17, 2026
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата