logo
logo
logo

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци

Vecer | 03.04.2026

Зеленски: Ситуацијата на бојното поле е најдобра во последните 10 месеци

„Офанзивата што ја планираа за март беше спречена од дејствата на нашите вооружени сили. Затоа Русите сега, едноставно, ќе ги интензивираат своите офанзивни операции“, рече Зеленски преку денешното соопштение од неговиот кабинет.

„Општо земено, линијата на фронтот се држи... Ситуацијата е комплицирана, но најдобра во последните 10 месеци“, додаде тој повикувајќи се на украинските и британските разузнавачки служби.

Украинскиот лидер рече дека ги поканил американските преговарачи да го посетат Киев за време на виртуелен состанок претходно оваа недела и дека слушнал „позитивни сигнали“ како одговор на неговиот предлог.

Тој ги покани со цел да ги обноват преговорите со Москва за прекин на конфликтот во Украина, кои се прекинати по избувнувањето на војната на Блискиот Исток, рече Зеленски, пренесуваат француските медиуми.

„Ја поканив американската делегација задолжена за преговорите во Киев. Делегацијата ќе направи сè што е во нејзина моќ да дојде во Киев во сегашните околности, за време на војната со Иран“, рече украинскиот претседател, чии изјави беа под ембарго до денеска.

„Ова е алтернатива на трилатерален состанок на ниво на технички работни групи. Американската група може да дојде кај нас, а потоа да замине за Москва“, додаде тој.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk