Францускиот контејнерски брод „CMA CGM Kribi“ помина низ Ормускиот Теснец, што веројатно е прво забележано поминување на брод кон Западна Европа откако војната во Иран речиси целосно ја блокираше оваа клучна пловна рута, известува „Блумберг“.
Бродот исплови од водите на Дубаи во четвртокот попладне и пловеше блиску до иранскиот брег, низ каналот помеѓу островите Кешм и Ларак, отворено емитувајќи ја својата рута. Утрово бродот сигнализирал дека се наоѓа кај Мускат.
Сообраќајот низ Ормутскиот теснец е речиси во застој од почетокот на конфликтот, а досега премин е дозволен главно на бродови од земји кои имаат добри односи со Техеран.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата