Полицијата се обидела да го запре автомобилот откако возачот наводно поминал на црвено светло, но кога тој одбил да застане, на југот на Париз настанала голема потера.
Жестоката бркотница завршила со тоа што возачот изгубил контрола над возилото и удрил во семафор, по што во него удриле три полициски возила, пишува Дејли мејл.
Возачот и двајцата сопатници се уапсени и пренесени во болница поради полесни повреди.
На видеото се гледа моментот кога бркотницата завршила со судир. Откако возачот удрил во семафор, во него удрило полициско возило. На снимката се гледа како полицајците излегуваат од возилата, второто полициско возило удира во првото одзади, а потоа неколку секунди подоцна трето возило удира во нив.
Дури 10 полицајци биле полесно повредени и накратко биле хоспитализирани.
Приведените три лица се на возраст од 19 до 30 години, а двајца од нив се со полициско досие, соопшти полицијата.
Полицијата додаде дека видливоста за време на потерата била слаба.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата