Таткото на детето, 27-годишен маж со историја на трговија со дрога, побегнал од градинката откако се соочил со раководството на институцијата, јавува Си-Ен-Ен Бразил.
Таткото побегна од градинката
Наставничката на неговото дете ја пронашла дрогата откако едно од децата се пожалило на „лошиот вкус на пакетчињата“.
Откако го пребарала ранецот, пронашла вкупно 16 пакети со кокаин, од кои седум биле запечатени, а девет биле веќе искористени.
На покана од управата на градинката, таткото дошол во градинката, но побегнал откако зел еден од пакетчињата од педагошкиот координатор.
Децата завршиле во болница
Сите деца од одделението се испратени во болница на токсиколошки тестови, а примероците се испратени на анализа.
Осомничениот, жител на населбата Ново Хоризонте во Итамонте, има четири полициски пријави за трговија со дрога и други кривични дела поврзани со поседување на супстанцијата.
Цивилната полиција на Минас Жераис го истражува случајот.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата