logo
logo
logo

Проиранската група Катаиб Хезболах во Ирак демантира дека ќе ги напаѓаат САД

Vecer | 22.04.2024

Проиранската група Катаиб Хезболах во Ирак демантира дека ќе ги напаѓаат САД

Групата ги опиша овие наводи како „фабрикувани вести“ на платформата Телеграм, пренесува Ројтерс.

Најмалку пет ракети биле истрелани вчера од ирачкиот пограничен град Зума кон американската армиска база во североисточна Сирија, а САД објавија дека сојузничкиот воен авион уништил ракетен фрлач во Сирија, додавајќи дека нема повреден американски воен персонал.

Овој напад од Ирак против американските сили е прв од почетокот на февруари, кога групите поддржани од Иран во Ирак ги прекинаа нападите врз американската војска.

Нападот се случил истиот ден кога ирачкиот премиер Мохамед Шија ал Судани се вратил од посетата на САД, каде што се сретнал со американскиот претседател Џо Бајден.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk