Во Берлин физички е нападната сенаторката за економија и поранешна градоначалничка Франциска Гифи од Социјалдемократската партија на Германија, (СПД).
Ова е трет последователен напад врз владини политичари за само неколку дена.
Гифи вчера попладне била нападната од непознат маж во библиотека во Берлин со удар со торба во главата, по што и била укажана прва помош.
По нападот напаѓачот успеал да побегне.
– По првичниот шок, сега сум добро. Благодарна сум за добрите желби и се враќам на работа, изјави Гифи денеска.
Минатиот викенд во Саксонија беше претепан и тешко повреден кандидатот на СПД за изборите за Европскиот парламент, Матијас Еке, додека лепел изборни плакати.
Непосредно пред тоа беа нападнати и политички активисти на партијата Зелени.
Фото: <span style="color: rgb(102, 102, 102); font-family: Roboto, sans-serif; font-size: 12px;">X / Franziska Giffey @FranziskaGiffey</span>