logo
logo
logo

Прогласени се виновни активистките, кои лани со супа го полија ремек -делото на Ван Гог

Vecer | 26.07.2024

Прогласени се виновни активистките, кои лани со супа го полија ремек -делото на Ван Гог

Ана Холанд и Фиби Пламер, сега и двете 22 годишни, фрлаа кон уметничкото дело конзерви со супа од домати Хајнц, што доведе до обвинение за кривично дело оштетување на рамката, објави Ројтерс.

Непроценливото платно, една од петте верзии изложени во музеите и галериите ширум светот, не е оштетено и подоцна било повторно изложено.

Активистите „Само стоп за нафтата“ организираа неколку протести од висок профил во последниве години, вклучително и нарушување на спортски настани, театарски претстави и патен сообраќај.

Претходно овој месец, пет од активистите на организацијата, вклучително и основачот Роџер Халам, беа осудени на најмалку четири години за заговор да го блокираат лондонскиот автопат М25, најдолгите казни некогаш изречени за ненасилни протести во Велика Британија.

Двете девојки кои ја полиле сликата со супа ќе бидат осудени на 27 септември, објави Би-Би-Си.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk