logo
logo
logo

Пресврт: Ердоган попушти, Турција се согласи - постигнат договор, потврди и НАТО

Vecer | 28.06.2022

Пресврт: Ердоган попушти, Турција се согласи - постигнат договор, потврди и НАТО

Турција го поддржа членството на Финска и Шведска во НАТО, соопшти кабинетот на финскиот претседател Саули Ниинисте.

Во меѓувреме потврда стигна и од самиот НАТО.

Министрите за надворешни работи на Турција, Шведска и Финска, наводно, потпишале меморандум за проширување на НАТО со двете северноевропски земји и за укинување на блокадата на Турција по нивниот пристап.

„Постигнат е трипартитен договор“, соопшти НАТО, чиј генерален секретар Јенс Столтенберг наскоро треба да открие повеќе детали.

Ваквиот развој на настаните доаѓа непосредно пред самитот на лидерите на НАТО во Мадрид.

Како што е познато, турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган имаше голема резерва за членството на двете земји, обвинувајќи ги дека се рај за терористите, мислејќи на различните курдски политички актери кои дејствуваат таму.

Стокхолм и Хелсинки изразија намера да влезат во НАТО по руската инвазија на Украина.

Да потсетиме, финските медиуми објавија дека Турција, Шведска и Финска ќе подготват заеднички меморандум за решавање на прашањата кои се спорни за Турција во врска со приемот на двете земји во НАТО алијансата.

Извештаите во најголемиот фински дневен весник и финскиот весник „Илталехти“ беа објавени за време на средбата на шефовите на турската, шведската и финската држава со генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг, што се одржа на маргините на првиот ден од самитот во Мадрид, пренесува Ројтерс.

Да потсетиме, финскиот претседател Саули Нинисто денеска изјави дека сега има малку повеќе меѓусебно разбирање меѓу таа земја и Турција.

Нинисто пред самитот на НАТО во Мадрид изјави дека не е ниту оптимист ниту песимист кога станува збор за исходот од тековните преговори со Турција, пренесува Ројтерс.

Шефот на шведската дипломатија Ан Линде рече дека разговорите со цел надминување на приговорите на Турција за напорите на Шведска да се приклучи на НАТО постигнале напредок и дека тоа би можело да дојде на тековниот самит на Алијансата во Мадрид.

“Подготвени сме за можноста дека нешто позитивно ќе се случи денеска, но може да потрае подолго“, изјави Линде за шведскиот дневен весник.

Претходно турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека Финска и Шведска мора да ја земат предвид загриженоста на Турција, како и да дадат не само изјави, туку и резултати доколку сакаат да бидат членки на НАТО.

Говорејќи пред заминувањето на самитот на НАТО во Мадрид, каде што ќе се сретне со лидерите на нордиските нации и на Алијансата, Ердоган рече дека Шведска и Финска мора да ги исполнат очекувањата на Анкара.

Фото: /Henrik Montgomery/TT SWEDEN OUT

 

https://vecer.mk/svet/erdogan-shvedska-i-f/

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk