logo
logo
logo

Млада Белгијка исчезна пред две години во Австралија- сега ѝ го нашле телефонот (ВИДЕО)

Vecer | 14.12.2025

Млада Белгијка исчезна пред две години во Австралија- сега ѝ го нашле телефонот (ВИДЕО)

Ова откритие влева надеж дека мистеријата за нејзиното исчезнување конечно може да се реши, пишува CNN.

Приватно пребарување даде клучна трага

Пријателите и семејството на исчезнатата Кремер организираа сопствено пребарување овој викенд во оддалечената област околу Филозоф Фолс, каде што последен пат била видена во јуни 2023 година.

Недолго по нејзиното исчезнување, полицијата го пронајде нејзиниот автомобил, но обемните пребарувања што следеа не дадоа резултати. Меѓутоа, во саботата, приватна група за пребарување го пронајде мобилниот телефон во област претходно претресена од властите.

Полицијата во Тасманија потврди дека уредот ѝ припаѓа на Кремер и најави детална форензичка анализа. Во соопштението за медиумите, тие додадоа дека официјално се приклучуваат на потрагата иницирана од нејзините роднини.

Полицијата се сомнева на дезориентација

Инспекторот Ендру Хансон рече дека откривањето на телефонот ја поддржува нивната главна теорија за тоа што се случило.

„Податоците од телефонот, како и локацијата каде што е пронајден, ја поддржуваат нашата теорија дека Селин, користејќи апликација на својот телефон, можеби одлучила да ја напушти патеката Филозоф Фолс за да тргне по подиректен пат назад до својот автомобил додека дневната светлина се намалувала“, рече Хансон. „Се сомневаме дека го испуштила телефонот и продолжила без него, како и дека била дезориентирана на тешкиот терен“, додаде тој.

Потрагата продолжува

Медиумите во Австралија објавија дека четворица пријатели на Селин Кремер патувале од Белгија за да учествуваат во обновената потрага, која започнала вчера и се очекува да трае пет дена.

Кремер последен пат била видена на 17 јуни 2023 година, а девет дена подоцна била пријавена како исчезната. Дури и тогаш, полицијата проценила дека зимските услови во деновите по нејзиното исчезнување не биле погодни за преживување со оглед на времето за кое се верува дека го поминала на отворено.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk