Изборната трка во Америка влегува во фото финиш. На три дена до изборите, Трамп и Харис ги одржуваат финалните митинзи во клучните држави.
Патиштата на двајцата кандидати се вкрстија во Северна Каролина каде необична глетка ја пречека Харис, која при пристигнувањето на аеродромот ја пречека приватниот авион на Трамп.
Харис во завршните моменти од предизборието беше и гостинка во саботното вечерно шоу каде на комичен начин се претстави пред гледачите потсетувајќи ги што добиваат ако токму неа ја изгласаат.
Со слични пораки Харис им се обрати и на еден од нејзините последни митинзи каде ги повика граѓаните да излезат и да гласаат.
Доналд Трамп својата камња ја продолжува во негов поретпознатлив стил. На едно од своите последни предизборни обраќања до гласачите тој на шега ќе рече дека го жртвувал својот живот во однос на обидте за атентат на еден од неговите митинзи, а од гласачите и тој побара во вторник само да излезат и да гласаат.
Иако се очекува неизвесна трка, сепак, вниманието пред гласањето го привлече последната анкета во Ајова која ги изненади политичките аналитичари, откако покажа дека демократката Харис е со 3% предност пред републиканецот Трамп со оглед на фактот дека Ајова низ годините е традиционално упориште на републиканците.
Анкетата покажува дека жените придонеле за овој пресврт во Ајова што како тренд се прошири може многу работи да промени бидејки Харис се фокусира на мобилизирање на жените гласачи. Инаку, досега над 70 милиони Американци го искористиле правото на предвремено гласање, а вкупно се пријавиле речиси над 158 милиони граѓани.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата