Алехандро Толедо е осуден за примање мито од 35 милиони долари од компанијата во замена за да ѝ дозволи да добие договор за изградба на пат кој моментално го поврзува јужниот брег на Перу со регионот на Амазон во западен Бразил, објави Ројтерс.
За време на едногодишното судење, Толедо ги негираше обвиненијата.
Минатата недела Толедо побара од судот да му дозволи да ја отслужи казната дома бидејќи боледува од рак.
Peru's Former President Alejandro Toledo has been sentenced to 20 years in prison for his involvement in a major corruption scandal with Brazilian construction giant Odebrecht. This case is part of one of Latin America's largest corruption scandals, where millions in bribes were… pic.twitter.com/JIbXkO0ldp
— newslink7.com (@Newslink7com) October 22, 2024
Новонор беше во центарот на најголемиот корупциски скандал во Латинска Америка, откако во 2016 година призна дека подмитувал службеници во десетина земји.
Толедо, 78-годишен економист со докторат на Универзитетот Стенфорд, беше претседател на Перу од 2001 до 2006 година.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата