Комунистичката партија на Кина го исклучи поранешниот министер за земјоделство, Тан Женгџијанг, заради „сериозни прекршувања“, што е еуфемизам за корупција, пренесуваат кинеските медиуми.
Истрагата открила дека Тан примал подароци и пари во замена за влијание врз назначувања и судски случаи. Тој исто така користел службени овластувања за помош на семејни бизниси.
Од доаѓањето на власт во 2012 година, претседателот Си Џинпинг спроведува жестока кампања против корупцијата, но критичарите ја гледаат како средство за елиминација на политички противници.
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата