logo
logo
logo

Поранешен генерал на ИДФ верува дека војната меѓу Израел и Хамас ќе трае три години

Vecer | 17.06.2024

Поранешен генерал на ИДФ верува дека војната меѓу Израел и Хамас ќе трае три години

Војната меѓу Израел и палестинската група „Хамас“ ќе трае три години, нагласи во интервју за локалната радио станица Бригадниот генерал на израелските одбранбени сили (ИДФ) и поранешен министер Ефи Ајтам, објави весникот „Ерусалим пост“.

Изминатите 48 часа беа едни од најтешките од почетокот на војната со Хамас, со 12 војници на ИДФ убиени во борбите во Појасот Газа, од кои осум во градот Рафа.

„ИДФ си постави за цел да го уништи Хамас. Секој што носи оружје [во Газа] мора да умре. Мора да се конфискува целото оружје. Речиси цела Газа е во наши раце и можеме да дејствуваме релативно мирно. Војната ќе трае околу три години - една година е зад нас, следната година е војна во Либан, а годината потоа е загрижувачка за работите поврзани со Иран. Нема смисла да се грижиме за утре додека акцијата е се уште во зачеток“, рече Ејтам, потврдувајќи ја целта на ИДФ да го победи Хамас.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk