logo
logo
logo

Цената на златото го достигна историскиот максимум

Vecer | 18.10.2024

Цената на златото го достигна историскиот максимум

На физичкиот пазар унца злато околу пладне изнесувала 2.712,86 долари и била за 0,7 отсто поскапо од вчерашното затворање на берзите. А на американскиот пазар златото денеска се тргуваше во фјучерси по 0,7 отсто повисока цена, по 2.726,25 долари за унца.

Побарувачката за безбедни средства зајакна на крајот на неделата под влијание на ескалацијата на тензиите на Блискиот Исток.

Израел објави дека го убиле палестинскиот лидер на Хамас Јахја Синвар во операција во окупираниот палестински Појас Газа, а вчера вечерта премиерот Бенјамин Нетанјаху најави продолжување на воените операции во Газа и Либан.

Пред десет дена израелски воени авиони го нападнаа главниот град на Либан, Бејрут, при што загинаа стотици луѓе, меѓу кои и лидерот на Хезболах, Хасан Насрала. Во меѓувреме, Тел Авив испрати копнени сили во соседната земја.

Денеска Хезболах најави нова фаза во војната против Израел, а Иран порача дека „духот на отпорот ќе зајакне“. Берзите се подготвуваат и за претседателските избори во САД на почетокот на ноември. Камала Харис и Доналд Трамп ќе имаат тесна борба, покажуваат резултатите од анкетите.

Од почетокот на годината златото поскапе за повеќе од 31 отсто, забележува Ројтерс.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk