logo
logo
logo

По објавата на Бруклин за родителите, испливаа изјави на неговата поранешна девојка за Бекамови

Vecer | 26.01.2026

По објавата на Бруклин за родителите, испливаа изјави на неговата поранешна девојка за Бекамови

Кавгата помеѓу Бруклин и неговото семејство стана јавна кратко по неговата венчавка со Никола Пелц во 2022 година. Иако, неговиот брат Круз претходно зборуваше за  несогласувањата, неодамнешните тврдења на Бруклин досега се најдиректниот увид во конфликтот со неговите родители. Во објавата, тој ги обвини  родителите дека „поканувале жени од неговото минато“ за да ја саботираат неговата врска со Никола и ги опиша како генерално контролирачки.

Пред да се ожени со Никола Пелц, Бруклин Бекам се забавуваше со актерката Клое Грејс Морец од 2014 до 2018 година. Двојката почна да се забавува кога таа имаше 17 години, а тој 15. Морец јавно говореше за нејзиниот однос со неговите родители и семејство во тоа време.

За време на гостувањето во емисијата на Енди Коен во 2014 година, Морец кажуваше само позитивни работи за Викторија Бекам. „Таа е неверојатна личност. Навистина се восхитувам на нејзината работна етика и ми се допаѓа нејзината линија“, изјави таа во тоа време, додавајќи: „Мислам дека како семејство, се одлични луѓе“. Во подоцнежно гостување, таа го опиша Дејвид како „одличен татко“ и Викторија како „одлична мајка“, истакнувајќи дека тие „искрено се навистина добри родители“.

Ѝ пречело медиумското внимание за време на нивната врска

Иако не ги спомена директно неговите родители, Морец за британскиот InStyle во 2016 година изјави дека нејзината врска со Бруклин понекогаш може да биде тешка поради медиумското внимание. „Создава масовно лудило, ве следат во одделни автомобили, така што не можете да трчкате наоколу и да ги споделувате само лудите и слатки моменти“, изјавила таа.

По објавата на Бруклин, корисниците на социјалните медиуми почнаа да ги истражуваат неговите претходни интеракции со семејството. Некои посочија една стара објава во која Викторија се шегува на сметка на фризурата на Бруклин, споредувајќи го со цртаниот лик „Денис Заканата“, прашувајќи ја Клое „што му направила“.

Парот се раздели во 2018 година. Клое Грејс Морец преклани се изјасни како „геј жена“, наведувајќи во објавата за изборите дека ќе гласа за Камала Харис и дека верува во „потребата од законска заштита која ја штити ЛГБТ заедницата“. Во 2025 година, таа го објави својот брак со Кејт Харисон.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2026 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2026. Vecer.mk