logo
logo
logo

Пијаниот сопруг на Ненси Пелоси предизвикал сообраќајка, нема да оди во затвор

Vecer | 24.08.2022

Пијаниот сопруг на Ненси Пелоси предизвикал сообраќајка, нема да оди во затвор

Но, Пол Пелоси (82) ќе го избегне затворот откако судијата одлучил дека четирите дена што ги поминал во притвор по апсењето се сметаат за неговата казна. Наместо да остане уште еден ден, судијата му наредил да работи општо корисна работа, изјавила неговата адвокатка Аманда Бевинс.

Бевинс се изјаснил во име на нејзиниот клиент во Врховниот суд во округот Напа, Калифорнија. Обвинетиот одлучил да не се појави на рочиштето, бидејќи неговото присуство не било задолжително. Пол Пелоси бил уапсен под сомнение дека возел под дејство на алкохол откако во мај учествувал во сообраќајна несреќа во Калифорнија. Никој не бил сериозно повреден.

Иако бил поштеден од дополнително време во затвор, Пол Пелоси добил три години условна казна и му е забрането да вози моторно возило една година, освен ако не е опремено со имобилизатор што го спречува возачот да го стартува автомобилот без претходно да направи алкотест.

На Пол Пелоси му е наложено да плати 4.927 долари како обештетување на возачот на другиот автомобил за медицински сметки и изгубена плата, покрај стандардната такса од 150 долари и судска казна од 1.723 долари.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk