logo
logo
logo

Гори во центарот на Москва: Црн чад го прекри градот (Видео)

Vecer | 31.08.2024

Гори во центарот на Москва: Црн чад го прекри градот (Видео)

Пожарот избувна на вториот кат од трикатната административна зграда, на приближно пет и пол километри од Кремљ, јави државната новинска агенција Тас.

Се вели дека повеќе од десет организации имаат седиште во зградата. ТАСС наведува дека до утринава пожарот се проширил на повеќе од 1.000 метри квадратни, а се борат 130 пожарникари, хеликоптер и противпожарен брод.

Тасс пренесе дека засега нема информации за жртви од пожарот. Проукраинските корисници на социјалните мрежи објавија видео од зграда во пламен и чад кој се издигнува кон небото.

„Не постои брз начин да се изгасне пожарот во Русија, дури ни во Москва - сите пари и опрема се користат за убивање на Украинците“, рече советникот за внатрешни работи на Украина, Антон Герашченко.

X корисникот V141NGs објави видео од хеликоптер како испушта вода над огнот, со натпис: „Ние ги сакаме ваквите вести за викенд. Нека гори светло и долго!“

Засега се чини дека пожарот не е резултат на напад.

Извор: Б92

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk