logo
logo
logo

Пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Vecer | 22.04.2024

Пет ракети истрелани од Ирак кон американската воена база во Сирија

Изворите рекле дека ракетниот фрлач бил фиксиран на задниот дел на мал камион во пограничниот град Зумар и камионот се запалил во експлозија на неиспукани ракети кога на небото се појавиле воени авиони.

- Засега не можеме да потврдиме дека камионот бил бомбардиран од американски воени авиони, изјави неименуван воен претставник.

Нападот се случи на денот кога ирачкиот премиер Мохамед Шија ал-Судани се врати од посетата на САД каде што се сретна со американскиот претседател Џозеф Бајден во Белата куќа.

Овој напад од Ирак врз американските сили е прв од почетокот на февруари кога групите во Ирак поддржани од Иран ги прекинаа нападите врз американската војска.

Едно лице загина, а осум беа повредени во експлозија што доцна во петокот ја потресе воената база јужно од главниот град на Ирак, Багдад, што ја користат силите за народна мобилизација на Ирак (ПМФ), изјави претставник на ирачкото Министерство за внатрешни работи.

Американската војска и Израел соопштија дека не стојат зад нападот.

Фракциите во ПМФ учествуваа во неколкумесечни ракетни и беспилотни напади врз американските сили во Ирак по почетокот на конфликтот меѓу Израел и Хамас во Појасот Газа, но ги прекинаа тие напади во февруари. /МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk