Голем проблем запали црвен аларм во Вашингтон. Додека во САД се случуваат големи антиизраелски протести и поддршка за Палестина на американските универзитети во Каиро се водеа преговори за примирје помеѓу Израел и Хамас, а американската влада беше под протисок од двата настани.
Преговорите во Каиро пропаднаа, и шефот на америкаснката ЦИА веднаш се упати на пат да ја смири ситуацијата.
Делегацијата на палестинското милитантно движење Хамас вечерва ќе го напушти Каиро, каде во присуство на посредници од САД, Египет и Катар се одржаа преговори за прекин на огнот и ослободување на заложниците од Газа.
Делегацијата го доставила својот одговор до египетските и катарските посредници и сега се враќа во Доха на дополнителни консултации, соопшти Хамас, пренесува „Тајмс оф Израел“.
Во исто време, неименуван функционер изјави дека директорот на американската Централна разузнавачка агенција (ЦИА), Вилијам Барнс, итно ќе отпатува во Доха на разговори со премиерот на Катар, Мохамед Ал-Тани, додека преговорите за ослободување од заложниците се „на работ на колапс“, според „Тајмс оф Израел“.
Порталот јавува дека ќе разговараат и за привремено примирје.
– Бернс е на пат за Доха на итен состанок со катарскиот премиер, со цел да се изврши максимален притисок врз Израел и Хамас да продолжат со преговорите – рекол изворот.