logo
logo
logo

Авион се урна во близина на Лос Анџелес

Vecer | 04.05.2025

Авион се урна во близина на Лос Анџелес

Мал авион се урна во населен дел од градот Сими Вали во близина на Лос Анџелес, при што загина едно лице во авионот и беа оштетени две куќи, соопштија официјални лица.

Противпожарните екипи брзо реагирале, а полицијата го опколила подрачјето и ги предупредила граѓаните да се држат настрана, пренесува АП.

Чад излегувал од покривот на куќа во населбата Вод Ранч, која се наоѓа околу 80 километри северозападно од Лос Анџелес.

Остатоците од авионот можеа да се видат помеѓу две куќи.

Противпожарната служба на округот Вентура потврди дека луѓе имало во куќата во моментот на несреќата во саботата попладне, но дека сите биле евакуирани без повредени.

Властите не објавија никакви информации за пилотот на едномоторниот авион „Ван РВ-10“.

Исто така, тие не прецизираа што можело да предизвика пад на авионот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk