logo
logo
logo

Пентагон добива 110.000 хектари на границата со Мексико: Целта на Трамп е јасна

Vecer | 16.04.2025

Пентагон добива 110.000 хектари на границата со Мексико: Целта на Трамп е јасна

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп најави итно пренесување на речиси 110.000 хектари федерално земјиште долж границата меѓу САД и Мексико на војската за да се спречи илегалната миграција, соопшти денеска американското Министерство за природни ресурси.

Во соопштението се наведува дека земјата ќе ѝ биде дадена на војската на три години, а за тоа време на федералниот персонал ќе му биде дозволено да патролира и да изгради инфраструктура за да спречи илегални преминувања на границите, објави Ројтерс.

Се нагласува дека овој потег има за цел да помогне во борбата против трговијата со дрога и криумчарењето мигранти.

Веднаш по преземањето на функцијата на 20 јануари, Трамп прогласи вонредна состојба на американско-мексиканската граница и ја задолжи американската војска и Пентагон да помогне во обезбедувањето на границата.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk