logo
logo
logo

Педофилска банда организирала „ноќи на силување“, жртви им биле и бебиња

Vecer | 15.04.2025

Педофилска банда организирала „ноќи на силување“, жртви им биле и бебиња

Силувале неколку деца, а меѓу жртвите имало и бебиња, пренесува Sky News.

Од 2012 година педофилите организирале „ноќи на силување“ во „куќата на ѕверовите“, додека сторителите биле зависници кои на децата им давале и алкохол и дрога. Никој од нив не се обидел да им помогне на децата, туку тие гледале, навивале и снимале сè. Некои од децата биле толку мали што сè уште носеле пелени, а најстарото дете имало само 13 години.

Педофилската банда ја сочинувале: Иан Овенс (46), Елејн Ленери (40), Лесли Вилијамс (43), Пол Бренан (42), Скот Форбс (51), Бери Вотсон (48) и Џон Кларк (48).

Едно од момчињата, кое било жртва, се сетило како секогаш слушал „бип“, тајмер што сигнализирал дека силувањето на едното дете ќе престане, а тортурата на друго ќе започне.

Овој хорор се случил зад затворените врати во гнасно дувло за наркотици – стан на приземје во предградие населено со инсекти познато како „куќата на ѕверот“. Бандата дури ги принудувала децата на училишна возраст да јадат кучешка храна и да се малтретираат додека нивните насилници стоеле во круг и гледале.

Тие биле турнати во микробранови печки, затворени во фрижидери и замрзнувачи. Едно девојче било обесена за облеката на клинец во кујната.

За време на судењето во 2023 година, кое заврши со доживотни затворски казни за сите седуммина насилници, судијата Лорд Бекет рече дека скандалот ги допре „најдлабоките слоеви на човечката изопаченост“. Сите мачители се осудени на вкупно 100 години.

Прашањето на кое сите бараат одговор е како воопшто можело да се случи вакво нешто. Децата биле посетувани од социјални работници, а веќе во 2018 година биле ставени во регистарот за заштита на децата – пред полицијата да го открие случајот во 2020 година.

Како е можно овие деца, кои редовно биле силувани како дел од организирана мрежа на насилници, да бидат истовремено регистрирани во системот што треба да ги заштити од насилство?

Поротата на Врховниот суд слушнале дел од сведочењата од луѓе кои претходно изразиле загриженост. Полицијата детално обработила речиси 1.000 докази – па немаше ли барем некој што би можел да проговори за предупредувачките знаци што ги забележале?

Никој не сакаше да зборува?

„Скај њуз“ влезе во трага на некои од сведоците, но никој, од бербери до касиери во локалните продавници, не сакаше да разговара. Сепак, еден човек, кој исто така дал изјава во полиција за време на истрагата, на новинарите им кажал што знаел.

Говорејќи јавно за прв пат, сведокот открил дека редовно ги гледал децата и се присетил на една вечер кога забележал дека едно девојче има вошки во косата и се обидел да организира третман.

„Една од нив имаше разбушавена коса полна со вошки, а бидејќи беше на иста возраст како моето дете, ја прашав: „Зошто не си ја среди косата?“, рече тој, а потоа изговори една реченица што ја мачи душата: „Таа си ги ставаше во косата за да се заштити од ѕверовите. Вошките ја заштитија од нив.“

Човекот рече дека бил загрижен за неисхранетоста на некои од жртвите и опишал како уште во 2018 година забележал дека „нешто не е во ред“.

„Секогаш се вртеа околу возрасните за да добијат нешто за јадење. Преживуваа како чистачи... Беше потресно“, рече тој, додавајќи дека „системот потфрли“.

Скај њуз открил дека загриженоста е покрената и кај хуманитарните организации. Дејствата на социјалните работници, полицијата и службите за заштита на децата сега се предмет на независна ревизија. Ваквите прегледи се вообичаени низ Британија кога детето претрпува сериозна штета или го губи животот.

Но, дали навистина функционираат?

Колку се навистина ефективни, ако секое ветување за „научување лекции“ биде безвредно од следната трагедија? Поранешниот шкотски комесар за деца и водечки експерт за заштита на децата, Тем Бејли, изјави за Sky News дека целиот систем на ревизии е сомнителен.

„Ревизијата е важна. Предизвикот е колку препораките од тие ревизии се всушност имплементирани, бидејќи тоа е она што навистина е важно“, рече Бејли, додавајќи дека нема смисла да се спроведе ревизија доколку таа не донесе вистински промени во системот.

Бејли, кој има 35-годишно искуство во областа на заштитата на децата, смета дека јавноста е во право кога поставува прашања за овој случај.

„Самиот процес на ревизија моментално се разгледува со цел да се подобри и да се избегне постојано излегување со исти лекции“, додаде тој.

Педофилската банда ги нарече децата лажговци

Новинар на Скај њуз кој присуствуваше на судењето објави дека обвинетите педофили, кои во тој момент биле излезени со кауција, се смееле и се шегувале на паузите во судницата.

Нивното сериозно однесување пред поротата беше сосема поинакво од тоа како тие се однесуваа надвор од судницата на Високиот суд во Глазгов.

„Речиси 15 години известувам од судења, а нивното арогантно однесување целосно е во спротивност со другите обвинети за тешки кривични дела, кои генерално барем привидно го почитуваат процесот“, рече новинарот.

Додека екипата на Скај њуз ги снимаше како пристигнуваат и излегуваат од судот со покриени лица, обвинетите извикуваа пцовки и им се закануваа на новинарите. Еден постојано викаше дека „децата се лажговци“. Поротата не му поверува - и ги прогласи за виновни.

На крајот на уште еден ден полн со тешки сведочења, двајца обвинети се приближија до такси и му се заканија на новинарот велејќи дека ќе го претепаат. Еден дури и ја нападна камерата.

Полицајците кои стоеле во близина набрзина ги внеле во возилото, наредувајќи им да „молчат и да влезат“. Неколку дена подоцна, поротата ги осуди за некои од најмонструозните злосторства што оваа земја некогаш ги видела.

Познатиот адвокат по овој случај се пензионираше

Истакнатиот адвокат на КС (Кралскиот совет), Томас Леонард Рос, кој учествуваше во судењето, изјави за Sky News дека овој случај бил пресвртница за него. По 400 случаи пред Високиот суд, тој вели дека бил толку потресен што никогаш повеќе нема да работи на случаи на сексуална злоупотреба.

„Ова е најлошиот случај на злоупотреба на деца што сум го слушнал. Беше страшно да се слуша сето тоа“, вели познатиот адвокат.

„Се чини дека овие деца им беа познати на социјалните служби. Изненадувачки е што не беа преземени мерки порано за да се отстранат од оваа ситуација. Се покренаа прашања - и јас целосно разбирам зошто јавноста бара одговори“, додаде тој.

Сè уште не е познато кога независниот преглед ќе ги објави своите наоди, но Градскиот совет на Глазгов соопшти дека сите препораки ќе бидат спроведени во целост.

„Ова е исклучително сложен случај кој вклучува особено чувствителни прашања и повеќе поединци, а нашиот фокус останува на давање поддршка на сите вклучени во овој процес“, рече портпаролот.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk