Кинеските истражувачи успешно тестирале експлозивна направа базирана на водород, предизвикувајќи разорни хемиски реакции без употреба на нуклеарни материјали, покажува студија.
Експлозивната направа тешка два килограми создала огнена топка чија температура надминала 1.000 Целзиусови степени, а траела повеќе од две секунди - 15 пати подолго отколку што е случајот со експлозиите на ТНТ, без употреба на никакви нуклеарни материјали, се наведува во студијата, пишува весникот „Саут Чајна морнинг пост“.
Уредот е развиен од 705-тиот истражувачки институт на кинеската бродоградба корпорација (CSSC), клучен играч во системите за подводно оружје, и користи магнезиум хидрид, материјал за складирање на водород во цврста состојба.
Таа бомба може да предизвика долготрајно термичко оштетување бидејќи огнената топка што ја создава, доволно жешка за да ги топи алуминиумските легури, трае многу подолго од краткиот блесок на ТНТ од 0,12 секунди, се вели во студијата.
Термичкото распаѓање брзо ослободува водороден гас, кој се меша со околниот воздух.
🇨🇳La Chine a testé une bombe à hydrogène non-nucléaire.
— Louis Duclos (@ObsDelphi) April 20, 2025
L'explosif de 2kg a émis une chaleur de plus de 1000°C pendant deux secondes, soit 15 fois plus que la TNT. Ce type d'armement peut être utilisé pour incendier des infrastructures ou des personnels.
Le développement de ce… pic.twitter.com/9Knmbic0sz
Не е јасно под кои услови Народноослободителната војска на Кина би можела да го употреби оружјето.
Фото: Шутер
© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата