logo
logo
logo

ТРАМП НА СИТЕ ИМ ПОСАКА СРЕЌЕН ВЕЛИГДЕН, дури и на Бајден и на „радикалните левичарски лудаци“

Vecer | 20.04.2025

ТРАМП НА СИТЕ ИМ ПОСАКА СРЕЌЕН ВЕЛИГДЕН, дури и на Бајден и на „радикалните левичарски лудаци“

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска им го честиташе Велигден на сите, вклучувајќи ги, како што наведе, „радикалните левичарски лудаци“.

Трамп на својата социјална мрежа Truth Social рече дека им посакува Велигден на радикалните левичарски лудаци кои, како што рече, се борат и планираат да ги вратат депортираните „убијци, нарко босови, опасни затвореници, луди и добро познати членови на бандата МС-13 и насилници на жени“ во Соединетите Американски Држави.

Американскиот претседател, исто така, им посака среќен Велигден на „неефикасните судии и службениците за спроведување на законот кои дозволуваат овој злобен напад врз нашата земја да продолжи, напад толку насилен што никогаш нема да биде заборавен“.

Тој му посака среќен Велигден на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден и на сите оние кои, како што наведе, направиле измами на претседателските избори во 2020 година.

Трамп напиша дека Бајден „намерно дозволил милиони криминалци“ да влезат во Соединетите држави, без никаква контрола врз основа на политиката на отворени граници и дека затоа тој е „убедливо најлошиот и најнеспособниот“ американски претседател, „човек кој апсолутно немал поим што прави“.

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2025 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2025. Vecer.mk