logo
logo
logo

Парламентарни избори во Грузија

Vecer | 26.10.2024

Парламентарни избори во Грузија

Владејачката партија Грузиски сон е на власт од 2012 година и бара уште еден четиригодишен мандат. За опозицијата, гласањето претставува избор меѓу Западот или Русија и меѓу демократија и авторитаризам.

На парламентарните избори во Грузија учествуваат вкупно 18 партии.

Гласањето се спроведува според новиот изборен систем согласно кој партиите или коалициите треба да постигнат праг од пет отсто за да влезат во парламентот.

За прв пат Грузија ќе користи нов електронски систем за броење на гласачките ливчиња, со хартиена резервна копија, а резултатите се очекуваат еден до два часа по затворањето на гласачките места во 20 часот по грузиско време./МИА

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата

TailoredCV
logo

Vecer.mk е прв македонски информативен портал, основан во 2004 година.

2004-2024 © Вечер, сите права задржани

Сите содржини и објави на vecer.mk се авторско право на редакцијата. Делумно или целосно преземање не е дозволено.

Develop & Design MAKSMEDIA LTD Skopje Copyright © 2004-2024. Vecer.mk